Радев: Крајно време е Македонија да започне со гонење за нападите врз Бугарите

„Крајно време е Република Северна Македонија да започне ефикасна истрага и гонење за сите напади врз Бугарите во земјата. Ова е единствениот начин оваа земја да постигне европска интеграција“. Ова го изјавил претседателот на Бугарија, Румен Радев пред новинарите во коментар за нападот врз членот на бугарската заедница во Македонија, Владимир Перев кој се случил изминатиот викенд.

„Крајно време е Република Северна Македонија да започне ефикасна истрага и гонење за сите напади врз Бугарите во земјата. Ова е единствениот начин оваа земја да постигне европска интеграција“. Ова го изјавил претседателот на Бугарија, Румен Радев пред новинарите во коментар за нападот врз членот на бугарската заедница во Македонија, Владимир Перев кој се случил изминатиот викенд.

„Јас многу јасно им кажав и на претседателот и на премиерот дека случајот со Владимир Перев е добра прилика конечно да се започне со ова, бидејќи и мотивот и сторителот се јасни таму“, додал шефот на бугарската држава.

Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера изрази став за случајот.

„Категорично го осудуваме уште еден чин на насилство од омраза врз Бугарин во Република Северна Македонија – феномен, за жал поттикнат од моменталната општествено-политичка атмосфера и антибугарската реторика“, соопштиле од ресорот на официјалната бугарска дипломатија.

Се огласи и контроверзниот бугарски политичар, Ангел Џамбаски и член на крајнодесничарската ВМРО-БНД. Тој испратил отворено писмо до членовите на Европскиот парламент и Европската комисија во кое им порачал дека нивното „ тврдоглаво молчење пред систематските напади врз Бугарите во Република Северна Македонија не е само политичка кратковидост туку м морален и правен неуспех“.

„Најновиот случај – бруталниот напад врз новинарот Владо Перев, еден од ретките храбри гласови во земјата – не е инцидент. Тоа е уште еден чекор во долгиот синџир на насилство, етничка омраза и неактивност на државата. Овој пат вашите оправдувања звучат уште полажно од вообичаеното. Вашето молчење го легитимира насилството Системските напади врз луѓе со бугарски идентитет ги кршат Копенхашките критериуми што сами сте ги утврдиле. Секоја земја-кандидат е должна да гарантира човекови права, заштита на малцинствата, стабилни

Поранешниот европратеник истакнува дека „говорот на омраза кон Бугарите е институционализирана норма, а Европа молчи“. Тој упатил неколку барања до официјалните власти во Брисел:

1. Отворено да признаете дека се вршат систематски прекршувања против бугарската заедница во Северна Македонија.

2. Секој понатамошен напредок во преговорите да го поврзете со реални, демонстративни резултати според Поглавје 23.

3. Да го прекинете формалниот „напредок“ и театарот на известување што го прикрива недостатокот на реформи.

4. Испратете јасна порака дека Европа нема да толерира насилство, омраза и дискриминација, стои, меѓу другото, во писмото на Џамбаски.