Радев: Колку побрзо сфатите дека Бугарите треба да се внесат во Уставот, толку е подобро!

„Нема никакви укори кон Северна Македонија, туку државата треба да ги почитува правилата и условите за членство во ЕУ“ им рече претседателот на Бугарија, Румен Радев на македонски новинари на Самитот во Молдавија.

Радев вели дека „колку побрзо се сфати дека Бугарите треба да влезат во Уставот, толку ќе биде подобро“.

„Немам апсолутно никакви укори кон Република Северна Македонија, како што велите вие. За нас е важно и за сите европски држави и за ЕУ, да се почитуваат критериумите за членство, тие се засноваат на почитување на човековите права и спречување на дискриминацијата. Мислам дека колку побрзо се сфати дека Бугарите во РСМ треба да се вметнат во Уставот на РСМ и да се гарантира рамноправност според законите, толку е подобро“ – изјави Радев.