Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска имаше средба во Софија со македонскиот премиерот Димитар Ковачевски на која изрази очекување за зголемена доверба меѓу Софија и Скопје за да се олесни работата за нерешените политички прашања, кои го попречуваат почетокот на преговорите на С. Македонија за членство во Европската Унија.
По средбата со Ковачевски, Радев поставил прашање за правата на граѓаните од Северна Македонија со бугарска самосвест и нивното впишување во Уставот на земјата. Според, бугарскиот претедател, впишувањето на македонските Бугари во Уставот на Северна Македонија, гарантирањето на нивната рамноправност, со другите народи во земјата, ќе даде поттик и можност Бугарија да ја отвори вратата за почетокот на преговорите за членство.
„Заедно со тие механизми, кои ги разгледувавме и претходно во пакетот 5+1, веќе 4+1, ќе имаме неповратност и јасни механизми, кои ќе гарантираат и отстранување на јазикот на омраза од двете страни“ – истакна Радев.
Ковачевски, пак, се осврнал на новата динамика на работата на двете земји.
„Ако успееме да ги решиме, а успеваме да ги решаваме, како економските, така и другите проблеми од реалниот живот, ние ќе ги надминеме политичките проблеми, а вие знаете, дека јас лично се залагам за еднакви права и еднакви можности за сите граѓани на Република Северна Македонија“ – нагласи Ковачевски.