Радев и се заканува на Србија

Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека неговата земја може да ја преиспита поддршката за Србија кон Европската унија поради, како што рече, како Белград се однесува кон бугарското малцинство во земјата. Имајќи предвид дека Софија има историја на блокирање на влезот на нови членови, прашањето е колку е моќен овој кренат прст? И, како може да изгледа тоа? Аналитичарите се поделени: едни сметаат дека заканата е реторичка, додека други веруваат дека тоа може да се случи еден ден.

Во образложувањето на својот став, Радев не само што се закани, туку прецизираше кои услови ќе ги скенира при донесување на одлука.

– Главниот критериум по кој ќе го судиме и поддржуваме напредокот на земјите од Западен Балкан е токму положбата на нашите сонародници во секоја земја – условите за економски и социјален развој и пред се нивната способност да го бранат својот национален идентитет, јазик, култура и историска меморија – објасни Радев.