Премиерот на Бугарија Кирил Петков и бугарскиот претседател Румен Радев денеска излегуваат од карантинот воведен од Регионалниот инспекторат на Софија.
Нивната изолација може да се прекине само доколку и двајцата дадат негативен резултат од ПЦР тестот, а поради тоа што и двајцата имаат бустер доза од вакцина против Ковид-19, можат да бидат ослободени од обврската за понатамошен карантин.
Петков и Радев првично се самоизолираа, а потоа и беа официјално ставени во карантин, откако на Советодавниот совет за национална безбедност во понеделникот биле во контакт со претседателот на Народното собрание – Никола Минчев кој беше со коронавирус.