Гасниот интерконектор ИГБ ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора.
Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион. Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека интерконекторот меѓу Бугарија и Грција (ИГБ) драстично ја менува енергетската криза на Европа бидејќи конечно имаме вистински проток на гас од Азербејџан.
Тој во обраќањето на церемонијата на пуштањето во употреба на ИГБ рече дека не било лесно да се направи овој интерконектор.
Радев потенцира дека гасната врска не од важност само за Бугарија, туку и за Романија, Србија, Северна Македонија, но и други земји од Централна и Југоисточна Европа.
Обраќајќи се кон грчкиот премиер Кирјос Мицотакис, Радев рече дека очекува пуштање во употреба и на гасниот центар во Александруполис со што, според него, ќе се постигне вистинска диверзификација.
„Затоа, интерконекторот меѓу Бугарија и Грција не е само инфраструктурен проект, туку симбол на зголемениот потенцијал на нашиот регион, успешна соработка и нашата поврзаност, кои придонесуваат за нашиот одржлив развој преку реализација на заедничката европска стратегија за понадежна, евтини и сигурна енергија“, додаде Радев.Рече дека Бугарија инсистира и на воспоставување интерконектор со Србија.