„Очекувам Владата строго да се придржува на Декларацијата на Народното собрание, на консензусот и волјата на Бугарите отворените прашања да бидат решени пред почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ“. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев кој потенцираше дека бугарската позиција во однос на евроинтеграцијата на Македонија се базира на резултати, а не рокови и услови наметнати однадвор.
Секое отстапување на Владата од бугарскиот национален интерес ќе предизвика криза во власта, смета тој.
„Советниците на премиерот во никој случај да не ги квалификуваат македонските Бугари како малцинство. Тоа може да го минира целиот процес на евроинтеграција на Република Северна Македонија“ – предупреди Румен Радев.