Претседателот на Бугарија – Румен Радев е во самоизолација бидејќи неговата сопруга Десислава е со позитивен тест за коронавирусот, соопшти претседателската прес-служба.
Радева засега е во добра состојба, а бугарскиот претседател има негативен тест за Ковид-19, соопштуваат оттаму.
Претседателот ги откажал средбите закажани за следните денови, се додава во соопштението.