„Европската перспектива на Република Северна Македонија нема алтернатива и е стратешка цел на Бугарија“.
Ова го изјави претседателот на Бугарија – Румен Радев на отворањето на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“. Конференцијата се одржува на денот кога се одбележуваат 119 години од смртта на Гоце Делчев.
Тој посочува дека Бугарија сака да ги реши спорните политички прашања со Северна Македонија пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, бидејќи во последните децении има многу случаи во односите во кои бугарската доверба не била оправдана од Северна Македонија.
„Промената на Уставот на Северна Македонија и внесувањето на еден збор – Бугари, заедно со другите државотворни народи, во земјата значи дека ја прифаќа европската идеја“ – изјави Радев.