Радев влегува во изборната трка со Прогресивна Бугарија

Поранешниот бугарски претседател Румен Радев денес, 2 март ја регистрираше коалицијата Прогресивна Бугарија во Централната изборна комисија за учество на предвремените парламентарни избори на 19 април, со што Радев влегува во изборната трка со Прогресивна Бугарија само неколку недели по повлекувањето од претседателската функција.

Според објавите што ги пренесоа бугарските медиуми, Радев соопштил дека коалицијата е внесена во ЦИК за изборите на 19 април, а уште во февруари најави дека на овој вот нема да настапи со сопствена партија затоа што нема доволно време за нејзина регистрација. Медиумите објави ја и дека на самата регистрација не биле поканети медиуми.

Коалицијата, ја сочинуваат три формации: Движење „Нашиот народ“, Социјалдемократската партија и движењето „Социјалдемократи“. Со ова Радев формално влегува во директна парламентарна пресметка во време кога бугарската политика повторно влегува во изборен циклус со висока неизвесност.

Новото позиционирање на Радев доаѓа по уште една владина криза во Бугарија. Дел од медиумите потсетуваат дека изборите на 19 април се распишани по падот на владата во декември 2025 година, по протести поврзани со даночни зголемувања, корупција и недоверба во институциите.