Радев бара од Унгарија да ја убеди Македонија за уставните измени

Ја повикав унгарската страна, која има растечки пријателски односи со Македонија, да ги убеди нашите браќа дека промената на Уставот и европскиот консензус се неотповиклив услов за членство во ЕУ, изјави Радев.

Разговаравме за ситуацијата во Западен Балкан и проширувањето на ЕУ. Бугарија останува движечка сила зад овие процеси и ние ги поддржуваме нашите соседи на европскиот пат, но инсистираме проценката да се прави врз основа на сопствените заслуги.

Ја повикав унгарската страна, која има растечки пријателски односи со Македонија, да ги убеди нашите браќа дека промената на Уставот и европскиот консензус се неотповиклив услов за членство во ЕУ.

Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев по средбата со Тамаш Сујок, објави БГНЕС.