Радев: Ако продолжиме вака, ќе дојде до целосна блокада на државата

„Очекувам народните избраници да ја исполнат својата должност кон бугарските граѓани и државата и да конституираат парламент, бидејќи има многу проблеми што треба да се решат“ е пораката на бугарскиот претседател, Румен Радев, од Брисел.

Шефот на државата посочи дека не само што има важни закони кои парламентот треба да ги донесе, туку и низа важни државни органи, кои се уставно формирани, се нецелосни или работат надвор од својот мандат.

„Тоа е исто така огромен проблем. Ако продолжиме вака, ќе дојдеме до целосна блокада на државата“ – додаде Радев.

Тој порача дека мандатот за формирање влада може да го предаде само кога има структурирани пратенички групи.

„Во оваа длабока криза, преодната влада категорично нема да го покренува прашањето и да работи на тоа бугарските граѓани – домаќинствата да излезат на слободниот пазар на електрична енергија“, изјави бугарскиот претседател.