На денешниот традиционален првомајски протест на работниците организиран од ССМ (започна од пред зградата на ССМ, преку Собрание до Владата) беше проследен со пораките – „Држава ви изградивме без плата не оставивте“, „Луксузот ваш е од трудот наш“, „Се да застане работникот да опстане“, „Цените пораснаа, платите пропаднаа“.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, ги повтори барањата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари на сите вработени и тоа уште од утре и потпишување на општ колективен договор со кој работниците ќе може да ги уживаат сите права кои им следуваат со закон.
„Проестот е единствен начин власта да го чуе гласот на работниците а отсуството на слух е причината поради која социјалниот дијалог замрел. Синдикатот со месеци укажувал на стагнација и на вложувањето на состојбата на работниците но тоа не допрело до оние кои исто така треба да ги засега. Барањата се јасни и Владата и работодавачите мора да ги прифатат“ – сметаат синдикалците
Пред Владата на протестот се појавија вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Порачаа дека им даваат поддршка на работниците и дека се борат за нивните права.