Работник во кумановска фабрика почина од струен удар

Од повреди од струен удар почина работник во кумановска фабрика, соопштија од СВР Куманово каде случајот бил пријавен.

Смрт била констатирана во кумановската болница каде работникот веднаш бил однесен. МВР објави дека несреќата се случила во текот на вчерашниот ден, а станува збор за 44-годишен кумановец со иницијали Д.Г. кој во моментот бил во фабрика.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, вешто лице и екипа од СВР Куманово.

По насока на обвинителот телото на починатиот било предадено на семејството.