Пуџдемон бара од Уставниот суд на Шпанија укинување на потерницата и враќање во земјата
Поранешниот каталонски сепаратистички лидер Карлес Пуџдемон денеска побара од Уставниот суд на Шпанија да го укине налогот за апсење што против него го издаде Врховниот суд, со што би му било овозможено да се врати во земјата без ризик од затвор.

Одбраната на Пуџдемон наведува дека одржувањето на налогот во сила, откако и Уставниот суд и мислењето на генералниот адвокат на Европската унија ја потврдија валидноста на законот за амнестија, би претставувало „непоправлива штета што би го лишила од делотворност“ неговото барање за уставна заштита, пренесува шпанскиот весник „Паис“.
Пуџдемон и другите лидери врз кои Врховниот суд не го применил законот за амнестија поднеле барање за заштита до Уставниот суд, барајќи негово спроведување и укинување на налогот за апсење кој е издаден за политичарите во бегство во Белгија.