Пуштен во употреба проширениот булевар „Видое Смилевски-Бато“, Тетово доби излез кон Порој и Јажинце

Првата делница, од околу 650 метри од касарната во правец кон Порој беше завршено на почетокот на април 2025 година. Во текот на овие девет месеци се работеше на преостанатиот дел до Порој со што булеварот се приклучува кон регионалниот пат Тетово-Јажинце.

Вечерва беше пуштен во употреба проширениот булевар „Видое Смилевски-Бато“ од касарната во Тетово до селото Порој.

Првата делница, од околу 650 метри од касарната во правец кон Порој беше завршено на почетокот на април 2025 година. Во текот на овие девет месеци се работеше на преостанатиот дел до Порој со што булеварот се приклучува кон регионалниот пат Тетово-Јажинце.

-Го промовираме продолжувањето на булеварот „Видое Смилески Бато“ кон Порој, Џепчиште и Теарце, со должина од 1.450 метри и ширина од над 12 метри во делот со две коловозни ленти. Вкупната површина на зафатот изнесува 15.330 м², истакна на пуштањето во употреба градоначалникот Биљал Касами.

За градењето на оваа делница се потрошени 84 милиони денари или еден милион и 365 илјади евра.

-Не само што пробивме булевар каде што немаше пат, туку го направивме со сите европски стандарди. Со тротоар широк 2 метри, со јавно осветлување по целата должина на патот и со атмосферска канализација. Инвестиција од речиси 84 милиони денари, за поврзување на овој дел од градот со модерна инфраструктура, истакна градоначалникот Биљал Касами.

Ова е трето продолжување на булеварот. Прво се продолжи од крстосницата со улицата „Борис Кидрич“ до касарната во должина од околу 671 метар. Ова продолжување се градеше во период од февруари 2020 до април 2021 година кога градоначалничка беше Теута Арифи, а средствата беа од Светска Банка.