
Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид
Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево - Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун.
Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун.
На пуштањето во употреба присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека не станува збор само за пуштање во употреба на автопатска делница, туку момент на враќање на вербата и доказ дека кога ќе се преземе одговорноста со чиста совест и искрена намера тогаш промените се случуваат.
Вицепремиерот и министерот за транспорт и врски Александар Николоски вели дека големо задоволство е да се видат првите 20 километри во реалност како може да ги користат граѓаните од цела Македонија.
Големо задоволство е, нагласи Николоски, да ги видиме првите 20 километри во реалност како може да ги користат граѓаните од цела Македонија, побрзо да се патува и до Тетово и до Гостивар и до Скопје, да се поврзе Македонија со Албанија и секако да се отворат големите туристички центри Охрид и Струга за сите кои сакаат да ги посетуваат.