Пуштена од болница е Македонката што преживеа судир со стадо диви свињи во Грција

Македонката која во понеделникот преживеа сообраќајна несреќа со смртни последици во Грција, во која учествувале три автомобили и стадо диви свињи е отпуштена од Општата болница во Килкис (Кукуш), јави грчкиот портал „eidisis.gr“.

Во тек е прелиминарна истрага од страна на Сообраќајната полиција од Килкис за околностите на тројната сообраќајна несреќа кај Кукуш.

Според досегашните информации до несреќата дошло кога патролно возило управувано од 42-годишен полицаец со двајца негови колеги 44 и 36 години налетале на стадо диви свињи кое поминувало и тоа излетало од патот.

Потоа, возило управувано од 56-годишен странец, државјанин на Македонија со 50-годишна сопатничка, налетало на истото стадо и се превртело во соседната нива.

Следел уште еден судар со службеното возило при што 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник загинале.