Путин ја посети Монголија, но не беше уапсен на барање на судот во Хаг

Владимир Путин пристигна денеска во официјална посета на Монголија, членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој побара негово апсење.

Путин ќе се сретне со монголскиот лидер Ухна Хурелсух, што му е прва посета на членка на МКС откако тој издаде налог за негово апсење за нелегалната депортација на деца од Украина во Русија од почетокот на војната.

Украина и Брисел ја повикаа Монголија да го уапси Путин и да го предаде на судот во Хаг. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, минатата недела кажа дека не се загрижени за посетата.
Членките на МКС се обврзани да ги приведат лицата за кои е распишан налог за апсење, но судот нема никакви механизми за принудување. Монголија не навести дека планира да го спроведе налогот.

Монголија, која е сместена меѓу Русија и Кина, е силно зависна од двете држави, особено во поглед на енергијата.