„Претседателот на Русија – Владимир Путин ја води својата земја во пропаст“. Ова го изјави денеска германската министерка за надворешни работи – Аналена Бербок.
„Никогаш нема да ги оставиме Украинците на судбината“ – додаде таа пред да замине на состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, Г7 и ЕУ.
Според неа, луѓето ќе бидат снабдени со итна хуманитарна помош, а ќе им се пружи и друга материјална помош. Санкциите кон Русија, истакна Бербок, ќе бидат спроведени целосно и доследно.
Бербок смета дека единственото нешто што Путин го постигнува со оваа војна е непроценливо страдање на сите страни.
„Токму како што неодамна направивме во Њујорк, ќе продолжиме да му покажуваме, економски и политички, дека мора да очекува затворена трговија и глобална изолација за Русија, доколку продолжи по овој пат. Неговата војна против Украина носи и пропаст за неговата сопствена држава“ – Бербок и нагласи дека нема сомнеж оти крајната цел на Путин е цела Украина.
„За него, тоа е перфидна игра, за луѓето во Украина – борба да се остане жив“ -додаде Бербок.