„Путин цел свет сака да го држи во заложништво“

Лиз Трас – министерката за надворешни работи на Велика Британија го обвини рускиот претседател – Владимир Путин, дека го „користи гладот како оружје“.

„Ужасно е тоа што Путин се обидува цел свет да го држи во заложништво. Тој всушност го користи гладот како оружје и се заканува со недостиг од храна и тоа за најсиромашните луѓе во светот“ порача денеска Трас при посетата на БиХ.

Таа додаде дека тоа не смее да се дозволи.

„Путин мора да ги одблокира украинските пристаништа и да дозволи извоз на житарки“ – истакна Трас.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, рече „категорички ги одбиваме таквите обвинувања. Напротив, ги обвинуваме западните земји и нивните потези што доведоа до тоа“.