Владимир Путин – претседателот на Русија во денешниот телефонски разговор со претседателот на Франција, Мануел Макрон изјави дека „целите на воената операција во секој случај ќе бидат реализирани“.
Кремљ соопшти дека Путин истакна дека Украина со „лаги“ се бори против нацизмот.
Тој уште еднаш повтори дека Москва бара демилитаризација и неутрален став од Украина, со цел да биде елиминирана секоја закана кон Русија.
Путин наведе дека Русите и Украинците се еден народ, но оти на Украинците им се испрани мозоците.
„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се ист народ, но ние се бориме против неонацисти, кои имаат затвореници дури и од Блискиот Исток. Тие користат цивили и странци како жив штит“ – посочи Путин.