Путин: Украинците се топовско месо на Западот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на конференција во Москва изјави дека западните земји ја определиле судбината на народот во Украина како топовско месо.

„Тие спроведоа антируски проект, се правеа дека не го гледаат ширењето на неонацистичката идеологија до масакрот на луѓето во Донбас, складираат и продолжуваат да складираат оружје за режимот во Киев, вклучително и тешко оружје“ – рече Путин.

„Под овие услови, решивме да извршиме специјална воена операција во согласност со повелбата на Обединетите нации. Целите на оваа операција се јасно дефинирани: да се обезбеди безбедност на Русија и нашите граѓани и да се заштити народот на Донбас од геноцид“ посочи рускиот претседател.

Путин се осврна и на неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.

„Тоа не беше само пат на еден неодговорен политичар, туку дел од свесната американска стратегија за дестабилизирање на хаотичната ситуација во регионот и во светот, покажувајќи непочитување на суверенитетот на другите земји и меѓународните обврски“ – рече Путин.