Путин: Се подготвуваме за сите сценарија, верувам дека Западот ќе го замени Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руската армија се подготвува за сите можни сценарија во врска со војната со Украина и оти верува дека Западот следната година ќе го замени украинскиот лидер Владимир Зеленски.

-Нашата армија се подготвува за сите можни случувања во ситуацијата (во Украина), рече Путин на прес-конференција во Виетнам, пренесува Риа Новости.

Тој рече дека верува оти Западот ќе го обвинува Зеленски за сите непопуларни одлуки и дека потоа ќе му најде замена, што според неговите проценки би можело да се случи во првата половина на следната година.