„САД се обидуваат да го измамат сопственото население криејќи се зад Русија, затоа што испораките на руска нафта за САД се незначителни“. Ова денеска го изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Испораките на руска нафта на американскиот пазар не надминуваат три проценти. Ова е незначителна сума. Тие рекоа дека го запираат увозот на руска нафта на американскиот пазар, цените таму се високи, инфлацијата е без преседан и веројатно ќе достигне историски максимум. Тие се обидуваат да не обвинат за резултатите од сопствените грешки“ – изјави шефот на руската држава
„Ние немаме ништо со тоа. И ова нема никаква врска со забраната за увоз на руска нафта. Тие само ги користат овие решенија како покритие за да го измамат сопственото население уште еднаш“ – рече Путин на состанок со членовите на руската Влада.
„САД се обидуваат да потпишат енергетски договори со Иран и Венецуела, против кои самата Америка воведе незаконски санкции“ – смета рускиот претседател.
Тој додаде дека „повиците на непријателските држави до нивните граѓани да се облечат потопло и обвинувањата против Русија за ситуацијата изгледаат чудни, особено што Русија ги исполнува сите свои енергетски обврски“.
„Што се однесува до земјите кои преземаат непријателски чекори против нашата земја и економија, јас и вие многу добро знаеме – тие ги повикуваат своите граѓани да го стегнат ременот и да се облекуваат потопло. И ги посочуваат санкциите што ни ги воведуваат како причина за влошување на ситуацијата. Сето ова изгледа многу чудно, особено што ги исполнуваме сите наши обврски. Би сакал уште еднаш да нагласам дека ги исполнуваме сите наши обврски во однос на снабдувањето со енергија“ – рече Путин.