Претседателот на Руската Федерација – Владимир Путин денеска изјави дека неговата воена кампања во Украина е успешна и нема да дозволи таа држава да биде „отскочна даска“ што би користела како закана кон Москва.
„Операцијата се одвива успешно и во строга согласност со плановите“ рече Путин за време на владин состанок.
Тој додаде дека Русија нема друг избор освен да испрати војници.
„Нема да дозволиме Украина да служи како отскочна даска за агресивни дејствија против Русија. Ако Западот мисли дека Русија ќе се повлече, тогаш не ја разбира Русија“ – нагласи тој на 21-от ден од руската инвазија врз Украина.
Путин е со став дека економските санкции против неговата држава се „кусогледи“.