Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе продолжи да работи со партнерите за формирање мултиполарен светски поредок, како и дека се можни дискусии за безбедносни прашања со западните земји, но под еднакви услови.
„Заедно со партнерите во евроазиската интеграција, со другите центри за суверен развој, ќе продолжиме да работиме на формирање мултиполарен светски поредок, еднаков и неделив безбедносен систем“, рече Путин на церемонијата на инаугурација во палатата во Кремљ.
Тој рече дека Русија била и ќе биде отворена за зајакнување на добрите односи со сите земји кои на неа гледаат сигурен и чесен партнер.
Русија не го отфрла дијалогот со западните земји, туку дека изборот е нивен, посочи Путин.
„Дали сè уште планираат обиди да го запрат развојот на Русија, да ја продолжат политиката на агресија, притисокот врз нашата земја кој не запира со години или бараат начин за соработка и мир“, рече рускиот лидер на церемонијата на инаугурација. .