Путин: Русија останува глобален трговски партнер и покрај санкциите

Претседателот Владимир Путин вели дека Русија останува клучен партнер во светската трговија дури и под зголемените западни санкции.

-И покрај сите пречки и како што ги нарече „нелегитимни санкции“ наметнати од Западот, земјата ја развива својата логистика и географијата на својата меѓународна соработка, рече Путин во петокот на 27. Меѓународен економски форум во Санкт Петербург (ШПИЕФ), јави ДПА.

Земјата е меѓу водечките економски нации – пред Германија, рече тој, повикувајќи се на податоците што ја земаат предвид куповната моќ.

Западот воведе санкции без преседан кон Русија како казна за војната на Путин против Украина, која трае повеќе од две години.

-Околу три четвртини од надворешната трговија сега се спроведува со земји кои се пријателски настроени кон Русија, рече Путин.

Откако Западот воведе трговски забрани во многу области, Русија економски се ориентира кон Кина, особено кон Индија, Африка и Латинска Америка.

Во говорот пред стотици гости, Путин повика на проширување на соработката во трансферот на технологија и најави интересни изгледи за раст на инвеститорите од странство.

Рускиот претседател рече и дека ќе продолжи развојот на платниот систем независен од САД.