Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Западот ја користи доктрината за човекови права за да го уништи суверенитетот на другите земји.
„Би сакал да нагласам дека актуелната хуманитарна криза е резултат на постојаните обиди на колективниот Запад да го уништи суверенитетот на другите и да обезбеди сопствена доминација“, рече Путин на конференцијата во Москва по повод 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека Русија останува посветена на човековите права и покрај двојните стандарди на Западот, кои ја принудија Москва да се откаже од членството во неколку меѓународни организации.