На почетокот на својот петти мандат, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кина во својата прва странска посета и најверојатно ќе остане до утре.
Последната официјална државна посета на Путин на источниот сосед на Русија беше пред речиси 6 години.
Путин беше пречекан од Си на големата церемонија за добредојде на плоштадот пред источната врата на Домот на народите. Воениот бенд ја свиреше руската химна, а потоа и кинеската. Си потоа го однесе Путин на прошетка на црвениот тепих низ плоштадот заедно со различни воени контингенти. По церемонијата, двајцата претседатели ја започнаа средбата.
Кинеската државна телевизија CCTV објави дека Си му честитал на Путин за неговата изборна победа.
„Почитуван претседателе Путин, мој стар пријател, добредојдовте во Кина во државна посета. Неодамна положивте заклетва како претседател на Русија по петти мандат. Уште еднаш, ви испраќам искрени честитки до вас и до рускиот народ. Верувам дека Под ваше водство, Русија сигурно ќе постигне нови и поголеми достигнувања во националниот развој и изградба“, рече Си.
Изборот на Кина како прва дестинација на Путин по реизборот во март ги нагласува блиските врски меѓу двете нуклеарни сили и постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, по што се најде под санкции од Западот, Русија во голема мера е меѓународно изолирана.
Сепак, Кина не го осуди нападот и зазеде неутрален став кон надворешниот свет и продолжи да го поддржува својот долгогодишен партнер.