Путин пристигна во државна посета на Узбекистан

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска пристигна во државна посета на Узбекистан, при што ќе разговара со претседателот на таа земја, Шавкат Мирзијоев.

Путин дојде во посета на Ташкент на покана на Мирзијоев, кој го пречека Путин на аеродромот, пренесе РИА Новости.

На Путин му подариле букет црвени цвеќиња, а шефовите на држави кратко разговарале и тргнале со истиот автомобил.