Ова е прва средба меѓу Путин и Џинпинг откако Русија започна „специјална воена операција“ во Украина во февруари оваа година.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му пренесе на кинескиот претседател Си Џинпинг дека Москва ја поддржува политиката на „една Кина“ и го цени балансираниот став на Пекинг кон Украина.
За време на состанокот со Си на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка (SCO) во Самарканд, Узбекистан, Путин рече дека Русија се противи на „американските провокации“ во Тајванскиот теснец, пренесува „Ројтерс“.
Тој додаде дека обидите за создавање „униполарен свет“ се неприфатливи за повеќето земји.
– Обидите да се создаде униполарен свет имаа апсолутно грди форми. Тие се апсолутно неприфатливи за огромното мнозинство земји во светот – рече Путин.
Според Спутник, Путин истакнал дека Русија ги осудува „провокациите на САД и нивните сателити“ во Тајванскиот теснец и цврсто се придржува до принципот „една Кина“.
Тој оцени дека сега е неопходно да се обезбеди зајакнување на ШОС како платформа за конструктивна соработка.
Ова е прва средба меѓу Путин и Кси откако Русија започна „специјална воена операција“ во Украина во февруари оваа година.