Владимир Путин – рускиот претседател по објавената мобилизација денеска го потпиша новиот Закон, кој предвидува затворска казна до 10 години затвор за тие што ќе одбијат да се борат, дезертираат, не почитуваат наредби или се предадат на украинските сили.
Законот претходно беше одобрен од руските Домови на Парламентот. Според стариот закон, војниците дезертери се соочуваа со 5 – годишна казна затвор.
По објавената мобилизација голем број Руси ја напуштија земјата, а исто така во повеќе градови беа организирани протести.
Според активистите за граѓански права денеска во Русија се приведени неколку лица за време на новите протести како одговор на мобилизацијата на армиските резервистите да се борат во Украина.
За денеска се планирани протести и во Москва и во Санкт Петербург.