Путин потврди: Русија тестираше нуклеарно супер торпедо „Посејдон“

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија го тестирала супер торпедото „Посејдон“, способно да носи нуклеарна боева глава, и дека тестот бил голем успех.

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија го тестирала супер торпедото „Посејдон“, способно да носи нуклеарна боева глава, и дека тестот бил голем успех.

Американските и руските претставници го опишаа „Посејдон“ како нова категорија оружје, способно да предизвика радиоактивни океански бранови што би ги направиле крајбрежните градови непогодни за живеење.

Путин им кажал на војниците ранети во војната во Украина дека тестот е извршен во вторник, објави Ројтерс.

„За прв пат успеавме не само да го лансираме со помош на ракетен мотор од носач-подморница, туку и да стартуваме нуклеарна погонска единица на која овој уред помина одредено време“, рече Путин и продолжи:

„Ова е огромен успех“, додаде тој, истакнувајќи дека моќта на „Посејдон“ ја надминува интерконтиненталната ракета „Сармат“.

„Пресретнувањето на подводното торпедо Посејдон е невозможно. Нема ништо како ова беспилотно торпедо во светот и малку е веројатно дека ќе се појави наскоро, а нема и методи за негово пресретнување“, рече Путин.