Владимир Путин вели дека Москва е подготвена да преговара за крај на војната, но ги обвини Украина и Западот дека одбиваат да направат компромис.
„Подготвени сме да преговараме со сите за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив. Не сме ние тие што одбиваат да преговараат, тие одбиваат“ – изјави рускиот претседател на државната телевизија.
Сомнително е дали Путин го мисли тоа што го зборува, бидејќи Русија се чини сè уште не сака да ги повлече своите трупи од Украина, откако Киев рече дека нејзиниот предуслов за преговарачката маса е токму тоа.
„Верувам дека дејствуваме во вистинска насока, ги браниме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани“ – додаде Путин.
Москва инсистира дека нејзината таканаречена специјална воена операција има за цел да ги заштити луѓето што зборуваат руски во Украина.