Претседателот на Русија, Владимир Путин по инвазијата врз Украина попладнево свикал состанок со олигарсите, најмоќните бизнисмени во Русија. Според информациите на светските медиуми, на средбата присуствувале директорот на „Сбербанк“ – Херман Греф, претседателот на лоби групата на олигарси – Александар Шокин, главниот на „Газпром“ – Александар Ѓуков и други.
Путин рекол дека бил принуден да ја нападне Украина.
„Ова што се случува е неопходно. Украина беше таков ризик што не беше јасно како Русија ќе може да продолжи да постои. Нашата влада треба да им даде поголема слобода на претприемачите, но не може да ги предвиди геополитички ризици“ – изјавил Путин.