Путин: Непријателските земји нема да можат да се справат без рускиот гас

Претседателот на Русија – Владимир Путин објави дека Москва ќе го пренасочи извозот на енергија на исток додека Европа се обидува да ја намали зависноста од руската енергија.

Тој возвраќа дека европските држави нема да можат веднаш да се откажат од рускиот гас, но се чини дека ја отвора вратата за плаќање на гас во евра.

Русија испорачува околу 40 отсто од природниот гас на ЕУ, но западните санкции поради нападот врз Украина го погодија нејзиниот извоз на енергија.

Официјален Кремљ воспоставува поблиски врски со Кина, најголемиот светски потрошувач на енергија.

„Таканаречените партнери од непријателските земји признаваат дека нема да можат да се справат без руските енергетски ресурси, вклучително, на пример, природниот гас“, рече Путин минатата недела, додавајќи дека „во моментов нема рационална замена на Европа“ за рускиот гас.

Тој изјави и дека Европа, најавувајќи прекин на испораките на енергија од Русија, ги зголемува цените и го дестабилизира пазарот.

Русија, која произведува една десетина од светската нафта и една петтина од нејзиниот гас, ќе има потреба од нова инфраструктура за извоз во Азија.

Путин и нареди на владата да претстави план до 1-ви јуни што вклучува „проширување на инфраструктурата во Африка, Латинска Америка и азиско-пацифичкиот регион“ и побара да се разгледа вклучувањето на сибирската сила и нафтоводите на Далечниот Исток Сахалин-Хабаровск-Владивосток во унифицираниот руски гас.