Путин нема да оди во Јужна Африка на БРИКС

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на групата на нации Брикс во август во Јужна Африка „по меѓусебен договор“, а на негово место ќе дојде министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во соопштението објавено од страна на претседателството на Јужна Африка во средата се вели: „Со заеднички договор, претседателот Владимир Путин на Руската Федерација нема да присуствува на самитот, но Руската Федерација ќе биде претставена од министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров“.

Во вторникот, претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, побарал дозвола од МКС да не го апси Путин, бидејќи тоа би претставувало објава на војна, според поднесокот на локалниот суд.

Во средата, Русија рече дека не ѝ кажала на Јужна Африка дека апсењето на Путин по налог на МКС би значело „војна“.

Јужна Африка треба да биде домаќин на самитот на нациите на БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – следниот месец. Но, МКС има налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство за депортирање на украински деца во Русија. Јужна Африка, како член на МКС, е должна да го уапси доколку тој лично се појави на самитот.