Путин: Нема да има дополнителнa мобилизациja

Рускиот претседател Владимир Путин одржа средба со заменик министерот за одбрана Јунус-Бек Јевкуров и пензионираниот полковник Андреј Трошев. Во таа прилика, тој посочи дека социјалните гаранции мора да бидат исти за сите учесници во специјалната операција бидејќи, кога е во прашање одбраната на татковината, не е важно во каков статус биле борците.

„Го имаме фондот „Бранителите на татковината“, многупати сум кажал и ќе повторам: без разлика на статусот на лицето кое извршувало борбени задачи, социјалните гаранции мора да бидат исти за сите“, рече Путин.

Медиумите потсетуваат дека рускиот претседател на почетокот на април го потпиша Указот за формирање Државен фонд за поддршка на учесниците во специјалната операција „Бранителите на татковината“.

Фондот има задача да го координира обезбедувањето социјална, медицинска, психолошка и секаква друга поддршка на учесниците во СВО, како и да решава цела низа прашања.

Генералштабот на руската армија, според објавеното, не планира да спроведе дополнителна мобилизација во земјата.

Есенското регрутирање започнува во Русија на 1 октомври, а заменик-началникот на Генералштабот и контраадмирал Владимир Цимљански истакна дека регрутите нема да бидат испратени во областа на СВО.

Тој додаде дека значително е зголемен бројот на оние кои доброволно потпишуваат договор со армијата, пренесува Спутник.