Путин: Можно е продолжување, ама под еден услов

Повторниот пристап на Русија кон договорот за жито е можно по истрагата за нападот на Севастопол и безбедносните гаранции од Украина.

Ова му го порача рускиот претседател Владимир Путин на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти прес-службата на Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.

„Неопходно е да се спроведе детална истрага за околностите на обидот за напад врз инфраструктурата и бродовите на Црноморската флота во Севастопол, како и да се добијат реални гаранции од Киев за строго придржување кон Истанбулските договори, особено не – користење на хуманитарниот коридор за воени цели. Дури потоа ќе може да се размислува за продолжување на активностите во рамките на иницијативата на Црноморската флота“, се вели во соопштението на Кремљ, пренесува ТАСС.

Претседателот на Русија потсети и дека не е исполнет вториот дел од пакетот договор, кој требаше да го деблокира извозот на руски земјоделски производи и ѓубрива на светските пазари.

Ердоган му рекол на Путин дека Турција продолжува да ги презема неопходните чекори за решавање на проблемите поврзани со спроведувањето на договорот за жито.

Русија во саботата објави дека го суспендира своето учество во договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.