Рускиот претседател Владимир Путин синоќа во Кремљ имаше средба со сирискиот лидер Башар ал Асад, пренесува РИА Новости.
Рускиот претседател му предложил на сирискиот колега да разговараат за ситуацијата во регионот, која има тенденција да се влошува, посочувајќи дека тоа важи и за Сирија, соопшти Кремљ.
Според Асад, Руската Федерација и Сирија поминале низ тешки искушенија во текот на изминатите децении.