Претседателот на Руската Федерација – Владимир Путин изјави дека на Запад инфлацијата веќе ја нарекуваат со неговото име и додаде дека растот на цените е резултат на „нивните грешки, и тоа долгорочни“.
„Ако некој се обиде да не ограничи на некој начин – се ограничува себеси. Тие се обидуваат, условно, да го ограничат извозот на нашето ѓубриво, а цените повеќе скокнаа кај нив отколку кај нас. Се обидуваат да ни ја ограничат енергијата – цените повторно вртоглаво пораснаа. Таму веќе ја нарекуваат инфлацијата со мое име, а ние немаме апсолутно никаква врска со тоа“ – рече Путин.
Додаде дека порастот на цените на Западот е резултат само на нивните грешки.
„Тие самите ги направија тие грешки. Сега се обидуваат да го скријат тоа место, се префрлаат во Русија, дека Русија е виновна за се. Немаме никаква врска со тоа. Тие од година во година, со децении воведоа рестрикции и водеа политики во областа на рестрикциите и доведоа до сегашната состојба. Потоа преминаа на санкции и ја влошија ситуацијата“ – истакна Путин.