Путин им порача на Макрон и Шолц дека Русија е отворена за дијалог со Украина

Претседателот на Руисја – Владимир Путин телефонски разговараше со неговиот француски колега – Емануел Макрон, но и со канцеларот на Германија – Олаф Шолц. Тој ги информирал челниците дека руската страна е отворена за обновување на дијалогот со Киев.

Путин ги предупредил за тоа колку е опасно да се продолжи со „пумпање“ на Украина со оружје од Запад.

Рускиот претседател им објасни на Макрон и Шолц како се организира процесот на нормализација на животот во Мариупол и другите ослободени градови на Донбас, соопшти официјален Кремљ.

Тема на разговор било и прашањето за безбедноста на храната.

„Русија е подготвена да придонесе за изнаоѓање варијанти на извоз на жито без пречки, вклучително и извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море“ – рекол рускиот лидер.

Според него, вистинските тешкотии околу испораката на храна настанале поради погрешната политика на Западот.