Путин за смртта на Пригожин: Во канцеларијата криеше работи кои отворија многу прашања!

Рускиот претседател, Владимир Путин, зборуваше на пленарната седница на меѓународниот дебатен клуб „Валдај“. Зборуваше за многу важни теми, меѓу кои и за смртта на поранешниот водач на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Како што јави руска Известија, Путин изјавил дека шефот на ТФР пријавил дека во телата на жртвите биле пронајдени делови од гранати, немало надворешно влијание врз авионот.

„Во канцеларијата на компанијата на Пригожин во Санкт Петербург се пронајдени 10 милијарди рубљи во кеш и 5 килограми кокаин“ – рече Путин и додаде:

„Немало испитување за присуство на алкохол и дрога во телата на загинатите во авионот на Пригожин, иако требало да биде спроведено“.