Доника Грвала – министерката за надворешни работи на Косово вели дека тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека во Украина војуваат платеници од Косово е лага и има за цел да го одвлече вниманието од геноцидот што Русија го врши во Украина.
Шефицата на косовската дипломатија на својата официјална страница на Твитер напиша дека однесувањето на Путин е исто како она на некогашниот српски лидер, Слободан Милошевиќ и на сегашниот српски претседател, Александар Вучиќ.
„Нема косовски платеници. Воениот злосторник Путин се обидува да го одвлече вниманието од неговиот геноцид во Украина вршејќи воена пропаганда. Тој лаже, повторно. Ние ја знаеме таа игра, од Милошевиќ до Вучиќ. Косово гордо стои покрај Украина, Америка и Европската унија, против воените злосторници“ – напиша Грвала.