По телефонскиот разговор на рускиот и францускиот претседател, Путин и Макрон, со соопштение се јавија од Кремљ. Во него се наведува дека „никој не треба да ја зајакне својата безбедност на сметка на другите земји“.
Од Елисејската палата се уште нема објавено соопштение.
Рускиот претседател „му се пожалил“ на својот француски колега за отфрлањето на Западот на неговите предлози за постигнување деескалација во конфликтот околу Украина и со НАТО.
„Одговорите на САД и НАТО не ги земаа предвид основните грижи на Русија“ – соопштија од Кремљ.
Во соопштението се надевува дека Русија ќе ја „одреди својата идна реакција“ откако детално ќе ги проучи одговорите на нејзините ривали.
Путин, за време на разговорот со Макрон, подвлекол дека Русија сака да продолжи да работи на решавањето на конфликтот во источна Украина.