Претседателот на Русија – Владимир Путин му честиташе на својот француски колега – Емануел Макрон за неговиот реизбор.
„Искрено ви посакувам успех во вашите државни активности, како и добро здравје и благосостојба“ – напишал Путин во телеграмата до Макрон.
Францускиот претседател е еден од ретките западни лидери кои стапија во контакт со Путин откако Москва ги распореди своите војниците во Украина, поминувајќи часови на телефонски разговори обидувајќи се да преговара за решение на конфликтот.
И Франција се приклучи на групата земји кои воведоа меѓународни санкции кон Русија воведени поради воената кампања.
Макрон вчера обезбеди победа над Ле Пен во вториот круг гласање.