„Владимир Путин во наредните денови би можел да објави нова светска војна“. Ова предупредување доаѓа од британскиот министер за одбрана, Бен Волас кој рече дека рускиот лидер би можел да започне масовна мобилизација и „да го искористи 1. мај за да им објави војна на нацистите во светот“.
Волас рече дека Путин, кој „не успеа“ во повеќето негови цели во војната со Украина, може да им објави војна на „светските нацисти“.
„Не би бил изненаден доколку на 1 мај изјави дека ‘сега сме во војна со светските нацисти и дека мораме масовно да го мобилизираме рускиот народ“ вели тој.
Според него Путин не успеа во речиси сите негови цели и „можеби ќе сака да го консолидира она што го има.“
На 24. Февруари Русија ја започна окупацијата на Украина, оквалификувајќи ја како „специјална операција за ослободување на Украина од нацистите“.