Путин го свика Советот за безбедност

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ќе има состанок со членовите на рускиот Совет за безбедност, изјави за РИА Новости портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, но не прецизираше дали на дневен ред ќе биде експлозијата на мостот на Крим.

„За темите ќе одлучуваме откако претседателот ќе ја даде изјавата“ – рече Песков.

Националниот комитет за борба против тероризмот вчера соопшти дека на мостот на Крим експлодирал камион, како и дека седум вагони со гориво се запалиле во воз што минувал преку мостот.

Истражниот комитет соопшти дека во експлозијата на камион загинале три лица.

Од експлозијата се урнале два дела од коловозот на мостот, а сообраќајот по мостот е привремено во прекин.