Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за зголемување на бројот на војници за 137.000, со што нивниот вкупен број ќе изнесува 1.150.628 лица.
„Да се утврди бројот на вооружените сили на Руската Федерација во износ од 2.039.758 лица, од кои 1.150.628 воени лица“ – се наведува во декретот.
Во претходната уредба од 17 ноември 2017 година беше наведено дека бројот на војници треба да достигне 1.013.628.
Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации, пренесе „Спутник“.